Објавено на:

Директорот на Царина: Во тек е истрага за акцизна стока – очекуваме милионски суми од наплата преку избегнати давачки

t

Директорот на Царина, Бобан Николовски, вели дека имале одврзани раце да работат на сè, а како што рече, во тек истрага за акцизна стока од која очекува милионски суми од наплата преку избегнати давачки.

„Работиме на нешто на кое никој во Царинската управа не се охрабрил да го работи или пак немал интерес да работи на таков случај. Ние како дел од државниот апарат предводен од премиерот Христијан Мицкоски имаме одврзани раце да работиме на сè. Кога ќе го завршиме целиот предмет ќе дојдеме до милионски суми избегнати давачки кои ќе ги наплатиме. А се надевам во соработка со ОЈО ГОКК дека ќе стигнеме не само до извршителите туку и до нарачателите“, истакна директорот Бобан Николовски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Годинава, како што истакна, заклучно јуни е поднесена 91 кривична пријава од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Царина: Во тек е истрага…

Директорот на Царина, Бобан Николовски, вели дека…

Функционерите на ВЛЕН оделе на протест против…

Одлуката на албанските власти да спречат влезот…

МФ: Нови правила за подарувања со Законот…

– Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway),…

ДЗР со ревизија на АВРМ: Нерамномерна распределба…

За активните мерки за вработување во 2024…

Руте за нападите на Трамп врз НАТО:…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…