Објавено на:

Руте за нападите на Трамп врз НАТО: „Тоа е како семејство, понекогаш има несогласувања, но тоа не значи дека семејството ќе се распадне“

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата е „посилна од кога било“, оценувајќи дека и покрај острите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, сојузот останува цврст и обединет.

Во интервју за Би-Би-Си за време на Самитот на НАТО во Анкара, Руте нагласи дека е „сто отсто убеден“ оти Трамп останува посветен на НАТО.

Осврнувајќи се на критиките на Трамп кон дел од сојузниците и неговите претходни изјави за можноста САД да се повлечат од Алијансата, Руте рече дека односите меѓу членките понекогаш наликуваат на семејство.

„Тоа е како во семејство. Понекогаш има несогласувања, но тоа не значи дека семејството ќе се распадне“, изјави Руте.

Тој посочи дека американските операции против Иран не би можеле да се спроведат во таков обем без европската инфраструктура и базите што им стојат на располагање на САД.

„Во првите шест недели од конфликтот, околу пет илјади американски авиони полетаа од европски бази врз основа на билатерални договори“, рече генералниот секретар на НАТО.

Руте истакна дека европските земји значително ги зголемиле инвестициите во одбраната, наведувајќи дека Канада и европските сојузници за две години вложиле дополнителни 250 милијарди долари.

Тој порача дека сега приоритет е зајакнување на одбранбената индустрија и продолжување на поддршката за Украина.

На прашањето дали НАТО ќе биде подготвен доколку Русија во иднина се обиде да нападне некоја земја-членка, Руте одговори дека Алијансата е подготвена во секој момент.

„Подготвени сме сега, ќе бидеме подготвени и во 2030 година. Ние сме одбранбен сојуз и секој потенцијален противник знае дека ќе се браниме ако бидеме нападнати“, изјави Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте за нападите на Трамп врз НАТО:…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Полицајци и родители со „Соседски патроли“ во…

Во рамки на заедничките активности насочени кон…

18-годишна девојка возела во спротивен правец и…

Возела во спротивен правец на кружен тек…

Досега 600 починати од ебола во Конго

Бројот починати во актуелната епидемија на ебола…

(Видео) Во напуштени подрумски простории во зграда…

Вчера од страна на полициски службеници од…