Директорот на ЦУК новогодишната ноќ ја помина со дежурните тимови
За време на новогодишната ноќ, директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, новогодишната вечер ја поминува заедно со дежурните тимови во Секторот 112, каде одблизу го следеше текот на работата и координацијата при приемот и обработката на итните повици. По тој повод, тој им ја честиташе Новата година на вработените, изразувајќи благодарност и поддршка за нивната посветеност, професионалност и постојана подготвеност да им стојат на располагање на граѓаните, и за време на празниците.
Дежурните служби во Единствениот број за итни повици 112, како и Секторот за операции и координација на ЦУК, и во новогодишната ноќ ја потврдија својата подготвеност и функционалност, обезбедувајќи стабилно функционирање на системот и навремена поддршка за граѓаните, во континуирана соработка со сите надлежни институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на ЦУК новогодишната ноќ ја помина…
За време на новогодишната ноќ, директорот на…
Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им…
Кинескиот претседател: Повторното обединување со Тајван е…
Кинескиот претседател Кси Џинпинг го искористи својот…
Силен земјотрес ја погоди Јапонија неколку часа…
Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата…
КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО НОВОГОДИШНА ВЕЧЕР: ГОСТИН ТЕШКО…
Сериозен инцидент се случил вечерва околу 18…