Објавено на:

Кинескиот претседател: Повторното обединување со Тајван е незапирливо

t

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го искористи својот новогодишен говор за да испрати силна порака за Тајван, ветувајќи обединување, кое го нарече „незапирлив тренд на времето“.

Неговата изјава доаѓа само еден ден по завршувањето на интензивните кинески воени вежби околу островот, објавува „Гардијан“.

Обраќајќи се до нацијата од Пекинг, Кси нагласи: „Обединувањето на нашата татковина, трендот на времето, е незапирлив“.

Кина, која го смета самоуправуваниот остров Тајван за своја територија, долго време сигнализираше дека има намера да го анектира, не исклучувајќи ја употребата на сила.

Загриженоста на американските разузнавачки агенции расте поради се поголемите способности на вооружените сили на Кина да извршат таков напад доколку Кси смета дека е потребно.

Кинеските државни медиуми го пренесуваа говорот со снимки од најголемата воена парада во земјата во септември, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. На парадата, која се сметаше за демонстрација на воена моќ, Кси стоеше покрај Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…

Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…

Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…