Директорот на штипската болница: Ако се докаже лекарска грешка во случајот со младата родилка, ветувам одговорност
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка болница Штип, Владко Захариев
Во врска со информациите и коментарите кои се појавија на социјалните мрежи во однос на пациентка која по извршен царски рез развила невролошки симптоми, јас како директор на Клиничка болница Штип ја информирам јавноста за следното:
Пациентката била породена со царски рез, постоперативниот тек бил уреден и била испишана во добра општа состојба. По извесен временски период по отпустот, таа се јавила во регионална болница со изразена слабост на долните екстремитети. Во рамките на понатамошното дијагностицирање е утврдена промена во спиналниот канал на високо торакално ниво.
Анатомски промената не се наоѓа во регијата каде што се аплицира спиналната анестезија, која се изведува во лумбалниот дел на ’рбетниот столб. Поради тоа, ваквата промена, според мене, не може да се поврзе со апликацијата на спинална анестезија при царскиот рез.
Клиничка болница Штип останува целосно посветена на стручно, одговорно и транспарентно информирање на јавноста. Апелирам да не се шират непроверени информации кои можат да предизвикаат неоправдана вознемиреност кај пациентите и нивните семејства, како и недоверба во здравствените работници.
Нашите стручни тимови продолжуваат да постапуваат согласно современите медицински протоколи и стандарди, што ни овозможува нашата ситуација.
Воедно, упатувам апел до сите медиуми, новинари, мои колеги, колеги лекари експерти, здруженија и други јавни чинители да не објавуваат и пренесуваат непроверени информации и однапред да не носат заклучоци за постоење на лекарска грешка, пред да заврши целокупната стручна и институционална постапка. Доколку надлежните институции утврдат дека во конкретниот случај нема лекарска грешка, очекувам истата професионална одговорност да се покаже и преку јавно коригирање на неточните информации и извинување кон лекарскиот персонал чиј професионален интегритет бил нарушен со овие обвинувања.
Според добиени информации, ќе се формира стручен тим, и ако се уточни лекарска грешка, ветувам дека ќе има одговорност од персоналот и од мене како директор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…
Неколку милиони денари ќе чини покривот на…
Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…
Истрага за полов напад врз малолетно девојче…
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…
Автомобил се преврте во двор на куќа…
Возило во кое се превезувале возач и…