Дневната евтина струја се враќа по ист редослед како што се укинуваше пред неколку години

t

Дневната евтина тарифа за сега достапна само за мал дел граѓани. До сега сетирани се 1/4 од броилата или 160.000 од вкупно 630.000 . Оние кои последни ќе добијат евтина струја се истите на кои последни им била и укината.

Кои граѓани први добија дневна евтина струја?

-Вообичаено, како и порано, домаќинстават се поделени во 4 групи. Ние започнавме со сетирање на броилата од 1. Но дневна евтина прво ќе добијат од 1 до 7, втората група од 7 до 14, третатат од 14 до 21 во месецот и така натака. Ова значи кога ќе се укинува дневнаат евтина тарифа, кај тие од 4 група најдоцна ќе се укине, вели Зоран Коневски, ЕВН.

Екипата на Сител беше на терен со тимот на ЕВН. Процесот на сетирање е едноставен. Трае неколку секунди.

Во апаратот има ставено програм за сетирање на евтина струја. Се става оптичката сонда на броилото и се дава команда за сетирање. Тоа треа околу 7 секунди и тоа е постапката. На секое броило мора да се повтори. И секое броила мора да се сетира, вели Горан Богдановски, ЕВН.

Но проблем настанува кога на екипата не може да и се обезбеди пристоап до броилото.

-Се наоѓаме пред мала станбена зграда, каде екипата на ЕВН не може да влезе да ги сетира броилата. Дали со ваков проблем се соочувате често?

-Да, точно во оваа зграда неколку пати доаѓам 3 пати и никој не отвора. Сега ќе пробаме да обезбедиме телефонски број од некој од станарите и потворно да дојдеме да ги сетираме броилата.

Од ЕВН наведуваат дека до крајот на месецот сите броила ќе бидат сетирани, освен тие кои се недостапни, како броилата во затворени објекти, викендички и слично, кои ќе бидаат сетирани кога ќе им биде овозможен пристап.

Што доколку не ви обезбедат пристап?

-Нема да добијат евтина струја, додава Зоран Коневски, ЕВН.

Инаку од околу 800 илјади броила во државата, 170,000 се далечински. Тоа с оние броила каде има проблематични потрошувачи и не е безбеден пристапот до екипите на ЕВН. Останатите, дигитални, од ЕВН велат дека ќе бидат сетирани до крајот на месецот. На секое броило кога има евтина тарифа се појавува ознаката Т2. Инаку дневната тарифа ќе важи секој ден од 13 до 15 часот, како и од 22 до 7 изутрина и во недела цел ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…