Добро утро со Инфомакс: Мајка Македонија откако го роди великого Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија е многу ослабната – Надали ќе може да роди и другего?
Григир Прличев е македонски поет, автор на делата „Сердарот“ и „Скендербег”. Прличев е многу повеќе од поет, всушност, тој е еден од најкрупните македонски национални фигури во втората половина на 19 век.
Прличев велел „Солун е срцето, а ние вените на Македонија!“ Неговата љубов кон Македонија е очигледна и во неговиот говор пред учениците на Солунската гимназија во кој истакнал: „Повторувам, оти учителите не се должни да проповедаат. Тие дошле не за друго, освен да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и Методија.“
„Мајка Македонија многу е ослабнета. Откако го породи великого Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија, оттога мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнеможена, совршено примрена Мајка што родила великого сина надали ќе може да роди и другего? Затоа толку ретки се на светот великите мажи. Цели просветени држави во текот на педесет години одвај можат да произведат еден велик маж.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…