Добро утро со Инфомакс: “Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале”

t

Бидејќи сите соседи се трудат да докажат дека сме едно, па друго, па трето, било што освен Македонци, денеска издвојуваме два цитати за Македонија, Македонците и македонската култура.

Првиот е од рускиот славист Виктор Григорович кој ги запишал неговите впечатоци по посетатата на Македонија од 1844 – 1845 година.

Вториот е објавен во Цариградскиот весник во 1860 година, во кој се вели дека Македонците се истите оние Македонци кои ја сочинувале фалангата на Александар Македонски.

Добро утро Македонци, во продолжение цитатите за Македонија:

– “Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот… Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот”. Ова е несоборлив доказ дека Македонците од тоа време се поистоветувале со Македонците на Александар Македонски. Колку за илустрација и денес машкото име Александар е најпопуларно.” – Виктор Григорович.

– “Оваа земја е Македонија и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.” – Запишано во “Цариградски весник” од 3 март, 1860.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…