Договарајте журки за Нова година нema да има pecтрикции, вели Филипче

t

Носителот на сојот „омикрон“ кој вчера и официјално беше регистриран во Македонија е во добра здравствена состојба, вели за Канал 5 министерот за здравство Венко Филипче и додава дека нема да има карантин за останатите патници во авионот бидејќи се почитувале протоколите.

– Тоа се лица кои што носат маски, кои што според барањата на одредени авионски компании дури се и Н95 маски. Потврди за вакцинација се бараат за влез во земјата. Овој патник/пациент е засега со многу лесна клиничка слика и се наоѓа во домашни услови – вели Филипче.


Тој смирува дека во моментов не постои ризик за влошување на епидемиолошката состојба во земјава, дека ситуацијата ќе следи, па согласно со неа и ќе се постапува. Иако сојот омикрон затвори многу земји во светот во пресрет на Нова година и на Божиќните празници, Филипче вели дека во моментов нема потреба од порестриктивни мерки во Македонија.

– Сметам дека сите овие мерки кои што се на сила сега кај нас се сосема доволни и не треба да се зголемува степенот на рестрикција во која било смисла, како во однос на тоа што се бара за влез во земјата, така во однос на сѐ што важи за масовните собири, без разлика дали се тоа затворени објекти или некои настани или во угостителските објекти – вели Филипче.

Првиот случај со сојот омикрон во земјава е детектиран вчера кај маж кој допатувал од Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалува периодот на изолација: Какви мерки…

"Владата на Република Северна Македонија на денешната…

Англија ги ykинува речиси сите мерки пpoтив…

Ограничувањата, вклучувајќи ги КОВИД-19 сертификат, задолжително носење…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…

Напладне продолжува седницата за изборот на новата…

Денеска во 12 часот ќе продолжи седницата…

Грција претера: Секој кој нема да прими…

Грција не остава на случајноста и ги…