Доделени сертификати за успешно завршена обука на скопските пожарникари за атомска, биолошка и хемиска одбрана
Скопските пожарникари изминативе четири дена следеа основна стручна обука за атомска, биолошка и хемиска одбрана, со посебен осврт на инцидентите кои вклучуваат справување со опасни материи, лична заштитна опрема и техничка деконтаминација. Обуката се спроведуваше во објектот на Противпожарната бригада во Автокоманда, а ја посетија 40 вработени во бригадата, поделени во две групи од по 20 лица.

Обуката траеше од 12 до 15 април и се одвиваше под раководството на капетан Генц Дилавери од АРМ, мајор Лукас Хофман и Хјустон Парк, пензиониран капетан на противпожарната единица во Флорида САД, кои доаѓаат од Агенцијата за намалување на заканите во одбраната ДТРА (Defence Threat Reduction Agency), која е дел од Министерството за одбрана на САД. Инструктори од четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана при МВР беа водник Александар Јовановски и десетар Бесар Амити.
Денеска, на последниот ден од стручната подготовка, скопските пожарникари ги посети градоначалничката Данела Арсовска и заедно со командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томевски, ги доделија сертификатите за успешно завршена обука, изразија задоволство од постигнатите резултати и упатија благодарност до пожарникарите за нивната посветеност и хуманост.

-Благодарност за вашата посветеност и професионалност, како градоначалник ќе направам се што е во моите ингеренции и во рамките на надлежноста на Градот Скопје да ви се обезбедат соодветни услови, да продолжиме да вложуваме во вашите капацитети, со цел дополнително јакнење на професионалните вештини, истакна градоначалничката Данела Арсовска на денешното доделување на сертификатите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…