Додик веќе не е претседател на Република Српска
Потпретседателот на Република Српска (РС) од хрватскиот народ, Давор Прањиќ (ХДЗ БиХ), потпиша указ за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за полиција и внатрешни работи, со што официјално јасно се стави до знаење дека Милорад Додик му ги префрлил своите овластувања, јавија регионалните медиуми.
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) му го одзеде мандатот на Додик како претседател на РС врз основа на конечна пресуда на Судот на БиХ.
Указот за прогласување на законот со целиот текст на законот е објавен во денешниот Службен весник на РС.
Иако Додик и владејачката коалиција ја отфрлија одлуката на ЦИК да му го одземе претседателскиот мандат и да распише предвремени избори за претседател на РС на 23 ноември, фактот што потпретседателот Прањиќ го потпиша указот за прогласување на законот значи дека Милорад Додик ја признал и одлуката на Судот на БиХ и одлуката на ЦИК дека тој повеќе не е претседател на РС.
Владејачкото мнозинство во Народното собрание на РС донесе заклучоци со кои не ја признава одлуката на Судот на БиХ, кој го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централната изборна комисија на БиХ одлучи: Одземање…
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина,…
Додик пред седницата на ЦИК на БиХ:…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, даде…
Додик во посета на Орбан: Благодарен сум…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, објави…
Додик: Очигледно е дека Судот на Босна…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…
Стевандиќ: Пресудата на Додик претставува колапс на…
Претседателот на Народното собрание на Република Српска,…