Додик: Сите граѓани на Република Српска автоматски да добиваат српско државјанство

t

Претседателот на Република Српска Милорад Додик по гласањето во Бања Лука изјави дека го искористил правото како државјанин на Србија да гласа во конзулатот и посочи дека е важно сите граѓани на Српска автоматски да добијат српско државјанство, а не како што е сега, кога има комплицирани процедури за да може да се гласа на изборите во Србија.

Додик рече дека видел оти одѕивот е голем, дека луѓето се заинтересирани и дека тоа ќе обезбеди голема политичка поддршка за силите кои ќе обезбедат Србија да биде стабилна.

Силна и стабилна Србија е во интерес и на Република Српска, посочи Додик.

Според него, Српска природно има одлични односи со Србија, а кога Србија е стабилна, тоа е поддршка за Бања Лука за сите процеси кои се тешки за Република Српска.

Додик истакна дека затоа е важно сите граѓани на Српска автоматски да добијат српско државјанство, а не како што е сега, кога има комплицирани процедури.

Додик нагласи дека Хрватите од БиХ веќе на овој начин се вклучени на изборите во Хрватска бидејќи автоматски имаат хрватско државјанство, а истото е случај и со унгарската заедница во регионот, која има право да гласа на изборите во Унгарија.

Претседателот на РС изрази надеж дека сличен договор ќе биде постигнат во разговорите со српските власти дека граѓаните на Српска гласаат на изборите во Србија и дека тој ќе се бори за тоа.

Според него, во моментов 13.000 граѓани на Српска имаат српско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватската фудбалска федерација демантира: Само Албанците скандираа…

Хрватскиот фудбалски сојуз добил известување од УЕФА…

Музиката од култната југословенска серија ечеше на…

Музиката од култната југословенска серија „Отпишани“ ечеше…

ГОЛ ВО 95. минута! Јовиќ ја спаси…

Фудбалската селекција на Србија го впиша првиот…

Официјално: Ѓоковиќ ќе настапи на Олимписките игри…

Сега и официјално е потврдено: Новак Ѓоковиќ…

„Фајненшл тајмс“: Србија го добива најголемиот рудник…

Српскиот претседател Александар Вучиќ се подготвува да ѝ…