Дојава за бомба во трговски центри и на Техничкиот факултет во Белград
Во два трговски центри во Белград денеска имаше дојава за бомба, а дојавата стигна и за Техничкиот факултет, јави дописникот на МИА од Белград.
Дојавата за поставени бомби имаше во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“ во центарот на Белград. Како што е потврдено од Министерството за внатрешни работи (МВР), непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.
Во моментов во тек е евакуација на посетителите во тие трговски центри, а надлежните екипи на МВР се излезени на терен поради дојава за поставена бомба во ТЦ во Карабурма.
Блиц соопшти дека дојава за поставена бомба е пристигната и за Техничкиот факултет во Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Срамота е ова што го прават трговците…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Кризата во Германија го намали извозот на…
Германија е наш најголем трговски партнер и…
Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…
Поради близината на фронтот во Украина, но…
Католиците и дел од православните денеска го…
Католичките верници и дел од православните христијани…