Мајстор наплати 100 евра за 10 минути работа – одговорот што го даде за тоа зошто наплаќа толку многу ја разбесни јавноста

t

Недостигот на занаетчии и растечките цени на нивните услуги станаа секојдневие за граѓаните на Балканот, а сличната состојба е се поприсутна и во Македонија. Додека едни се обидуваат сами да ги поправат дефектите во домаќинството, други бараат препораки по форуми или, во крајна нужда, прифаќаат да платат што и да се побара – па и скапо.
Илустративен пример за ваквата реалност се појави неодамна на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), каде корисник од Србија го сподели своето искуство со водоинсталатер кој, за едвај десет минути работа – составување и расклопување сајла за одзатнување на одвод – наплатил 12.000 динари (околу 100 евра).

„Го прашувам: ‘Зошто толку наплатуваш?’ А тој ми одговара: ‘Го трошам своето време!’ А јас – шест години плачев над книги…“, напиша разочараниот корисник.
Овој случај отвори широка дебата во јавноста – дали цените на занаетчиските услуги се оправдани или станува збор за злоупотреба на моменталната побарувачка? Многумина изразија револт, велејќи дека мајсторите „бесрамно се збогатуваат“ искористувајќи ја ситуацијата со недостиг на стручен кадар.

Од друга страна, експертите потсетуваат дека занаетчиските професии со децении беа потценети, слабо платени и игнорирани од образовниот и економскиот систем. Денес, кога мајсторите се реткост, тие се во позиција самите да ги диктираат условите и цените на пазарот.

Граѓаните, пак, остануваат препуштени сами на себе – некои се обидуваат со „направи сам“ решенија, други се надеваат на препораки, а трети, кога немаат избор, плаќаат колку и да се побара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа се соочува со нов раст на…

Европа повторно се соочува со летен топлотен…

Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Паѓаат цените на половните автомобили во Германија

Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат…

Владата ќе ги опомени трговците што се…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во…

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…