Објавено на:

Дојава од руската тајна служба го спаси Зеленски од смрт: Спречен атентат на украинскиот претседател

t

Последниот обид на Русија да изврши атентат на украинскиот претседател Володомир Зеленски беше спречен откако 25-члена екипа беше уапсена на границата со Словачка, тврди Киев.

Екипа од повеќе од дваесет обучени убијци била собрана од полицијата во Ужгород, западна Украина, додека биле на пат кон Киев синоќа, објави Билд.

Извори од киевското контраразузнавање изјавија за новинската агенција Униан дека мажите биле придружувани од агент на руската тајна служба. Тие, наводно, имале наредби да го убијат Зеленски и да се инфилтрираат во други елементи на украинската влада. Според Униан, антивоена фракција во самата руска тајна служба го известила Киев каде се наоѓа тимот.

Ужгород се граничи со соседна Словачка и се наоѓа на само неколку милји подалеку од границата на Украина со Унгарија.

Апсењата се чини дека се само најновите неуспешни напори за убиство на лидерот на Украина, по повеќе од десетина посебни обиди за убиство од почетокот на руската инвазија минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид за атентат на њујоршкиот конгресмен Зелдин:…

Во четвртокот вечерта беше извршен обид за…

Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…

Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…

Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…

(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…

Мислам дека на сите им е очигледно…

(Видео) Се додека сте живи постои силен…

По враќањето од фронтот на југот на…