Дојавите за бомби во Бугарија ги праќаат Македонци?!
„Во РМ уште во октомври минатата година почнаа да се испраќаат масовни мејлови за закани со бомби до училиштата, до Централната банка и до градинките. Во февруари годинава имало 560 закани. Заканите со бомби за март се намалени речиси до нула имаше само 9. Сите се од ист тип и слични, како што се случува кај нас“, изјави за БНТ Јордан Божилов, директор на Софискиот безбедносен форум.
Според него, во Република Македонија се променети протоколите за постапување во вакви ситуации, начините на креирање и користење на официјални електронски пораки, се прават проверки на училишта.
„Не сите закани ги затвораат училиштата. Работиме на различни верзии, од кои едната е хибридни закани поврзани со Русија, но ќе бидат обвинети и неколку Македонци кои се поврзани со една од политичките партии во РМ“, додаде Јордан Божилов.
Според него, важно е да се менуваат не само протоколите, треба да има добра физичка безбедност, контрола на пристап, проверки.
„Многу е тешко да се докаже кои се сторителите. Во Македонија е утврдено дека серверите од кои се испраќаат електронските пораки се наоѓаат во Русија и Иран“, рече уште Божилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…
Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на…
Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев…
Излезноста во Бугарија до 14 часот е…
Излезноста на претседателските избори во Бугарија до…