Дојче Веле: Антимон, дата-центри и гасовод – Што произлезе од посетата на Мицкоски на САД?
Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на САД, по серијата средби со американски претставници порача дека Северна Македонија продолжува да го зајакнува стратешкото партнерствосо Вашингтон. Во услови на засилени геополитички предизвици, силните сојузништва и директната комуникација со стратешките партнери остануваат клучни за позицијата на државата, оцени премиерот.
Во фокусот на средбите биле повеќе теми од стратешко значење, меѓу кои енергетските проекти, изградбата на дата-центри и развојот на наоѓалиштата на антимон кај Крива Паланка.
Мицкоски објави дека во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио, оценувајќи дека таквите контакти претставуваат потврда за значењето на македонско-американското стратешко партнерство.
„Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и на континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави“, објави премиерот.
Според него, директната комуникација на високо политичко ниво овозможува размена на ставови за прашања од заеднички интерес и натамошно продлабочување на билатералните односи.
„Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности“, порача Мицкоски.
Антимонот кај Крива Паланка меѓу клучните проекти
Една од темите што привлече најголемо внимание е проектот за развој на резервите на антимон кај Крстов Дол, Луке, во близина на Крива Паланка.
Во интервју за Атлантскиот совет, Мицкоски истакна дека антимонот претставува критичен минерал со голема примена во воената индустрија и дека Македонија располага со значајни резерви. Според него, првичните процени укажуваат дека резервите би можеле да бидат поголеми од оние со кои располагаат водечките светски производители Русија и Кина.
„Со реализацијата на овој проект ќе можеме дополнително да ја зголемиме важноста на државата и економскиот потенцијал на земјата“, рече Мицкоски.
Целиот текст на ДОЈЧЕ ВЕЛЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дојче Веле: Антимон, дата-центри и гасовод –…
Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна…
Мицкоски на средба со македонската заедница во…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од…
Американските амбасади на Блискиот Исток издадоа безбедносни…
Американските амбасади низ Блискиот Исток рано утрово…
Иран тврди дека сè уште ја контролира…
Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…
Мицкоски од САД: Имаме повеќе резерви на…
Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за Атлантскиот…