Дојче веле за уредникот на Информер: „Претепајте ги, скршете им ребра“ – Со години навредувал, таргетирал и повикувал на пресметка со политичките противници, сега е во притвор
Со години навредувал, таргетирал и поттикнувал пресметка со политичките противници. Сега е во притвор. Апсењето на Драган Ј. Вучиќевиќ отвора прашање за одговорноста за долгогодишната пропаганда и прогон на политичките противници, пишува „Дојче веле“.
„Пребиј, скрши му ребра“, извикал главниот уредник на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, во програма во живо, повикувајќи ја полицијата да употреби сила против демонстрантите за време на големиот студентски протест во јуни минатата година, потсетува „Дојче веле“ во текстот.
Поради оваа и други негови јавни настапи, полицијата на 25 ноември го привела и го извела пред обвинителството, кое го товари за предизвикување паника и нереди и попречување на правдата. Во образложението се наведува дека со своите настапи „создавал атмосфера на јавен линч“.
Меѓу спорните изјави се и називите за демонстрантите „талог“, „хиени“ и „мршојадци“, како и тврдењата дека се подготвува „крвопролевање“ и „граѓанска војна“.
Обвинителството наведува и дека Вучиќевиќ од 2023 до 2026 година, преку телевизијата „Информер“, систематски водел кампања на ширење омраза и таргетирање политички противници, активисти и независни новинари, поради што обвинението за предизвикување паника и нереди е квалификувано како продолжено кривично дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дојче веле за уредникот на Информер: „Претепајте…
Со години навредувал, таргетирал и поттикнувал пресметка…
Вучиќ по апсењето на уредникот на „Информер“:…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ синоќа речиси…
Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…
Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…
Пратениците на СНС ја напуштија седницата, заминаа…
Пратениците на Српската напредна партија (СНС) утрово…
Вукелиќ тврди дека уредникот на Информер бил…
Заменик-главниот уредник на „Информер“, Дејан Вукелиќ, се…