Објавено на:

До крајот на денот нестабилно време со дожд, грмежи и појава на град

t

Синоптичарите најавуваат дека денеска од пладневните часови, особено во западниот дел и на крајниот исток, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

– Поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендот и на почетокот на следната работна недела во попладневните часови претежно во јужните делови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, велат од УХМР.

Во Скопје и регионот, денеска и во деновите на викендот во попладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд проследен со грмежи и услови во делови од котлината за појава на краткотрајно невреме.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…