До 15 часот во Брвеница гласале 40,49 отсто од избирачите

t

Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од запишаните во Избирачкиот список, го оствариле правото на глас до 15 часот на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.

На прес-конференција, од ДИК информираа дека податоците се добиени од сите 24 избирачки места и дека гласањето се одвива непречено и без проблеми.

Во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, одѕивот до 15 часот е повисок за 9,32 процентни поени. Во истиот временски пресек во првиот круг гласале 5.064 избирачи или 31,17 отсто.

Најголем одѕив е регистриран на избирачкото место 2044, каде до 15 часот гласале 72,12 отсто од запишаните избирачи, додека најмал на избирачкото место 2036 со 19,25 отсто.

Во однос на заштитата на избирачкото право, до ДИК биле поднесени три приговори. Во два случаи приговорите биле усвоени и на гласачите им било овозможено да гласаат, додека еден приговор сè уште бил во постапка на обработка.

Од Комисијата најавија дека следниот пресек за одѕивот и текот на гласањето ќе биде соопштен на прес-конференција закажана за 18:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 15 часот во Брвеница гласале 40,49…

Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од…

До 13 часот гласале речиси 28% од…

Вкупно 4.518 избирачи до 13 часот гласале…

Излезноста до 11 часот во Брвеница е…

Членови на Државната изборна комисија предводени од…

Брвеница избира градоначалник – во вториот круг…

Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник…

Гаши за гласањето во недела: Во Брвеница…

На вториот круг на локалните избори во…