Објавено на:

Драма во Бугарија: Маж на сред бел ден со нож прободел полицаец кој се обидувал да го провери

t

33-годишен маж избодел полицаец кога полицаецот се обидел да го искотролира среде бел ден во Софија, јавува бугарското МВР на својата Фејсбук страница.

„Човек со криминално досие се обидел да спречи полициска проверка, давал отпот отпор и со нож повредил полицаец во левата подлактица“, велат од министерството

Од информациите објавени во понеделникот, јасно е дека инцидентот се случил во кругот на железничката станица „Слобода“ и тоа уште пред 4 дена, но полицијата дури сега го актуелизира случајот, веројатно за да протестира што на дотичниот му е одреден домашен притвор.

„Мажот е веднаш приведен. За случајот е поведена претистражна постапка. Материјалите се пријавени во Окружното обвинителство во Софија, против 33-годишниот маж е поднесена кривична пријава. По одредбата на обвинителот за притвор во траење до 72 часа му е одредена мерка „домашен притвор“, напишаа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…

Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…

Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…

Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…

Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…

Русија ги загрозува бродските рути во Црно…

Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…