Драма во Кочани: Со нож нападнал 35 годишен маж и десет години помлада девојка, еве што му претходело на хаосот

Две лица од Кочани ноќеска се здобиле со потешки повреди откако во расправија биле нападнати со нож и им биле нанесени убодни рани, по што завршиле во болница.
Од МВР информираа дека околу еден час по полноќ, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Кочани го лишиле од слобода 26-годишниот М.Н. од селото Спанчево, откако било пријавено дека со остар предмет ги нападнал 35-годишниот О.С. и 25-годишната Б.Ј. од Кочани. Поради тешките повреди лицата итно биле пренесени во Клиничката болница во Штип.
-Ноќеска се примени двајца пациенти со убодни рани и скршеници, при што машкото лице беше во тешка клиничка состојба, со убоди во пределот на вратот и во левата рака, имаше тешко крварење и е однесено во операциона сала каде е извршена интервенција. Подоцна е префрлено на Одделот за анестезија, направено е КТ испитување, не се утврдени други повреди и во моментот е во стабилна состојба. Кај пацеинтката се констатирани убод со нож и скршеница на клучната коска, но таа е надвор од животна опасност и е сместена на Одделот за хирургија, истакна докторката Катица Јанева, раководителка на Одделот за анестезија во боолницата во Штип.
Од полицијата информираа дека истрагата сè уште е во тек и по комплетирање на случјот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД свечено ја отвори постојаната воена база…
Американските копнени сили денеска ја добија својата…
Османи со директна порака до “огнените”: Срамота…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва…
Се јави Дугин: Кина е свесна дека…
Посетата на претседателот на Народна Република Кина…
По Киев јапонскиот премиер пристигна и во…
Јапонскиот премиер Кишида пристигна во Буча со…
Османи: Косовски политичар кажа дека Ахмети е…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва…