Драма во Стајковци: Мaлолетник случајно прободeл другар, па пријaвиле дека биле нaпаднати

t

На 20.02.2022 околу 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, А.Н.(19) од с.Брест, скопско и негов малолетен другар биле физички нападнати од три лица, кои, според пријавата, употребиле остар предмет.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале А.Н. со повреда од остар предмет и уште двајца малолетници од с.Арачиново. Со нив, во присуство на родителите, во Полициска станица Гази Баба бил извршен разговор и тие изјавиле дека лажно пријавиле напад од други лица, а всушност малолетниот другар му ја нанел повредата на А.Н. од невнимание. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училишна сала во Стајковци ќе го носи…

Денес 24.05.2022 година по повод празникот Св.…

Поддршка и од Сингелич, жителите на двете…

Жителите на Стајковци денес протестираа поради тоа…

Стајковци протестира: ЕВН прави што сака, 100…

"Плаќаме струја живееме на свеќи" , "Кој…