Драма во странска амбасада во Македонија: Маж од Радовиш се јавил и упатил сериозни закани, итно приведен
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ согласно член 420 став 4 од Кривичниот законик.
Според информациите од МВР, на 4 ноември 2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во Македонија и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, со што ја загрозил нивната сигурност.
Настанот бил пријавен во полиција на 5 ноември, по што полициските службеници го пронашле и лишиле од слобода 37-годишникот. При службениот разговор тој го признал делото.
По поднесената кривична пријава и предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд во Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма во странска амбасада во Македонија: Маж…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…
Жена од Гостивар била измамена од непознат…
Пукано во автомобил во движење на патот…
На 06.11.2026 околу 22:40 часот, Е.Ј.(28) од…
58-годишен гостиварец пронајден мртов
На 06.11.2026 во 19:50 часот, од страна…
Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за…
Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за…