Драма на јуниорски меч на Австралија Опен: Тенисер колабираше после скоро четири часа одлична игра

Јуниорските финалиња на Грен слемовите се обично загревање за сениорите. Во машкото финале, јуниорската публика на Австралија Опен остана во шок пред самиот финиш на натпреварот и беше сведок на одлично финале.
Во исцрпувачки меч кој траеше три часа и 43 минути, младиот Чех Јакоб Меникша колабираше на австралиските жештини по неверојатен поен.
Набргу по тој момент, Меникша уште еднаш падна, а многу брзо на помош му дојде противникот Американецот Бруно Кузухара.
Момците добија голем аплауз од публиката по одличен натпревар.
Американецот ја освои титулата со 2:1 во сетови со 7:6, 6:7, 7:5.
Натпреварот беше исклучително долг и АТП го опиша како јуначка борба со многу долги поени и промени. Вториот сет траеше дури час и 36 минути.
Кузухара е роден 2004 година и е втор играч во светот во јуниорска конкуренција, додека Меншик е една година помлад, а минатиот понеделник беше шести во јуниорската ранг-листа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јапонија, САД и Австралија ќе учествуваат на…
Следниот месец јапонските одбранбени сили за првпат…
Дaна Вајт: Волкановски ја доби почитта од…
Дaна Вајт рече дека нема да му…
Заменик амбасадорот на Австралија во посета на…
Интензивирање на соработката во бизнисот, образованието и…
Австралија ѝ испрати воена помош на Украина
Австралија ги испрати првите четири од 14-те…
Марлс: Сакаме да ги проширеме безбедносните врски…
Австралија сака да ги прошири и продлабочи…