Лидерите на САД, Индија, Јапонија и Австралија повикаа на мир во Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден и премиерите на Индија, Јапонија и Австралија, Нарендра Моди, Фумио Кишида и Ентони Албанезе повикаа на потреба од воспоставување долгорочен мир во Украина, но не ја споменаа Русија, се вели во заедничката изјава по состанокот.
„Ја повторуваме потребата за сеопфатен, праведен и траен мир во согласност со меѓународното право, целите и принципите на Повелбата на ОН, вклучувајќи го и почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет“, се наведува во текстот на документот.
Во контекст на украинскиот конфликт, шефовите на држави забележаа и дека тоа негативно влијае на безбедноста на храната и енергијата во светот, особено на земјите во развој.
Во заедничката изјава, исто така, се бара реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации за вклучување на нови постојани членки.
„Ќе го реформираме Советот за безбедност на ОН, препознавајќи ја итната потреба да го направиме порепрезентативен, инклузивен, транспарентен, ефикасен, демократски и одговорен, со проширување на постојаните и непостојаните категории на членство во Советот за безбедност на ОН“, се наведува во документот.
Како што се посочува, проширувањето на постојаните места во реформираниот Совет за безбедност треба да опфати и претставување на нови земји од Африка, Азија, Латинска Америка и Карибите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…