ДРЖАВАТА ПОБАРА ОТШТЕТА ЗА „ШПАНСКИ СКАЛИ“: Обвинетите се теретат за 163 милиони денари
Државното правобранителство најави отштетно побарување во случајот „Шпански скали”. Преставникот на Државното правобранителство, Елена Саздовска, во своето обраќање пред судот посочи дека во име оштетената Република Македонија, најавува отштетно побарување од обвинетите во износ од над 163.000.000 денари.
Застапникот за Државното правобранителство, воедно посочи дека отштетното побарување е засновано во обвинителниот акт и во вештиот наод и мислење на вештите лица.
Судењето за овој предмет го води судијката Фанка Јанчулева – Михаичовска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчева.
Проовинетиот Миле Јанакиевски, коментирајќи го барањето на Државното правобранителство наведе дека за 50.000.000 денари е поголема сумата од тоа што се најавува како отштета и извештајот на вештите лица.
Во случајот „Шпански скали“, освен Миле Јанакиески, обвинети се и Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов. Сите се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на скопскиот плоштад ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…