Државниот завод за статистика се извини: Направена е грешка

Државниот завод за статистика на својата веб-страница соопшти дека е направена техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните.
-Во соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците, соопштија од ДЗС.
Од тие причини, како што посочуваат, е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор.
-Се извинуваме за направената грешка, соопштија од Државниот Завод за Статистика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче доби четиригодишен мандат како претседател на…
На денешните внатрепартиски избори за нов претседател…
Утре е Благовец, ова се народните верувања…
Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните…
Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги осуди…
(Фото) Траги-комедија: Луѓе туркаат камион на Македонија…
Камион на Македонија пат предизвика застој кај…
Вучиќ го предлага Ѓуро Мацут за нов…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за кандидат…