Држи се Шојгу иде Славјанка: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина

t

Државниот врв во целост и со внимание ја следи состојбата во Украина, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во интервју за ТВ24.

Таа вели дека поставувањето на руски вооружени сили на границите со Украина е провокативно и влијае дестабилизирачки. Македонија, според Петровска, во целост го подржува територијалниот интегритет на Украина и земјава смета дека разгорувањето на каков било конфликт не може да ја реши состојбата.

„Во целост ги поддржуваме напорите во рамките на НАТО алијансата и на ОБСЕ за надминување на оваа ситуација. Ова поставување на вооружените сили сметаме дека е провокативно и дестабилизирачко дејствување, коешто всушност ја намалува безбедноста на европскиот континент, а тоа, впрочем, не е целта за којашто сите се залагаме“, вели Петровска.

Дијалогот и дискусиите треба да бидат пред сѐ во интерес на сите нас, додава министерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетници предизвикале пожар во напуштен објект во…

За двајца малолетници од Ресен постои сомнеж…

Бакиќ: Ветуваме дека Вучиќ ќе има праведно…

Поранешниот претседател на Србија и актуелен пратеник…

Уапсен 17-годишниот ученик кој пукаше во две…

Нови детали пристигнуваат по утринскиот вооружен инцидент…

ПЕТ ФЕМИЦИДИ СЕКОЈ ЧАС! Во 2025 година…

Околу 47.000 жени и девојчиња биле убиени…

Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за…

Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“…