Дувњак емотивно: 19 години, дадов сѐ за овој дрес – заминувам горд!

t

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација, Домагој Дувњак на ова Светско првенство се прости од националниот тим, на денешниот меч против Данска за последен пат го носеше дресот на Хрватска.

Хрватска не победи во финалето против Данска, но освоениот сребрен медал е огромен успех за Хрватите. По мечот емоциите кај Дувњак беа големи.

„Ниту во најлудите соништа не би посакал ваков медал, поготово кога знаеме што ми се случи во второто коло. Им благодарам на играчите, тренерот, стручниот штаб. Преубаво првенство, ќе му остане во глава цел живот. Му благодарам на моето семејство, родителите, децата, сестрите… Ова беше баш долг пат. Родни, пријатели, моите соиграчи кои се тука, поранешни соиграчите, сите тренери, генерации кои ме научија да го носам овој преубав и тежок дрес“, изјави Дувњак.

„Заминувам горд, им благодарам на луѓето кои дадоа живот за овој дрес. Тие да не беа, јас не би можел да ја претставувам својата држава 20 години. Заминувам среќен, исполнет, а репрезентацијата е во добри раце. Многу дол пат, од 2006, значи 19 години, дадов сѐ во оваа репрезентација, за овој дрес. Заминувам горд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…