„ДУИ владее со државата, СДСМ е бeзгласна буква, додека Трајанов, Милевски и ДОМ поддржуваат влада која ќе ја донесе државата во слободен пад“

Овој очаен капацитет на Владата ќе биде уште поочаен, поради тоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори бидејќи граѓаните и државата страдаат од лошите политики на власта, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио.
– Јас не знам дали се свесни пратениците на СДСМ и коалиционите партнери дека во оваа Влада главниот збор не го има ниту СДСМ, ниту тие, туку го има ДУИ. И сега 15 пратеника на ДУИ владеат со 120 и со државата. Не знам како не успеваат да го видат тоа, зарем толку им е важен личниот интерес да државниот интерес и интересот на граѓаните е позади, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека главните потези во владата на СДСМ, ги има Али Ахмети и ДУИ.
– Како не можат да видат комплетно се развластени од страна на ДУИ, и дека клучните позиции, клучните потези ги прави Али Ахмети, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека тој не го обвинува ДУИ, тој ги обвинува останатите пратеници кои што се дел од СДСМ и нивните коалициони партнери. Мицкоски истакна дека ги обвинува Павле Трајанов, Љупчо Георгиевски, Горан Милевски, Маја Морачанин и останатите како не можат да видат дека тие не поддржуваат Влада во која што мнозински партнер е нивната коалиција, туку поддржуваат Влада на Али Ахмети и ДУИ.
– Колку подолго ја поддржуваат таа Влада, толку повеќе Македонија ќе губи. Затоа што ткивото внатре е разјадено, затоа што системот ни е на колена. Ќе ни требаат можеби години да повторно дојдеме на нулта позиција. Толку ли не разбираат дека државата е во слободен пад. Дека функционирањето на државата како никогаш до сега не е доведена во оваа состојба, нагласи Мицкоски.
Мицкоски во интервјуто повика – „Затоа ги повикувам да размислат трезвено, затоа што ова не е Влада во која што тие се мнозински партнер. Ова е Влада во која што тие се развластени, а вистинското мнозинство го имаат 15 пратеника на Али Ахмети и ДУИ. Треба да разберат дека поддржуваат политики на ДУИ, а не политики на СДСМ и нивните коалициони партнери“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити го изгоре Мицкоски: Требаат уште шест…
Изет Меџити и други приврзаници на т.н.…
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за поставување на…
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за поставување на мерна…
Владеачко-политички консензус за милијарда евра од Клинички…
Ќе добие ли некогаш Македонија нов Клинички…
(Видео) Бомба на Крмов: ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати…
Во вечерашното гостување, пратеникот на Левица –…
Мециновиќ: СДС и ДПМНЕ се заедно во…
Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ ја коментира…