ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје- Блаце е почнат во 2022 година

t

Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба на автопатот Скопје- Блаце не е проект создаден од актуелната власт, туку проект за кој во времето на владеењето на ДУИ биле преземени конкретни чекори во однос на проектирањето, обезбедувањето финансиски средства и тендерските постапки, велат од Демократската унија за интеграција.

„На 27 јуни 2022 година, Собранието го усвои Законот за гаранција на обврските по заемот што требало да се користи за финансирање на TEN-T проектот за автопатот од Скопје до границата со Косово. Официјалниот документ ги носи потписите на тогашниот претседател Стево Пендаровски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Оттука, во времето кога ДУИ беше дел од Владата, за проектот Скопје- Блаце биле создадени и унапредени основните елементи за неговата реализација: проектирањето, обезбедувањето финансиска основа и спроведувањето на тендерските постапки. Овој доказ го побива секој обид да се создаде впечаток дека автопатот Скопје- Блаце е проект што актуелната власт го започнала од нула“, велат од ДУИ.

Од таму додаваат дека прашањето е едноставно: што направи актуелната власт над она што веќе беше подготвено и обезбедено?

„Наместо пропаганда, граѓаните заслужуваат транспарентност: да се објават сите документи поврзани со проектирањето, финансирањето, тендерирањето и реализацијата на овој проект. ДУИ не се спротивставува на реализацијата на автопатот Скопје- Блаце. Напротив, ДУИ бара проектот да се реализира што е можно побрзо, во интерес на граѓаните и на стратешкото поврзување на Северна Македонија со Косово. Автопатот не започнува со пропаганда. Тој започнува со проект, финансирање и конкретни постапки. А овие чекори за Скопје- Блаце беа преземени уште во времето кога ДУИ беше на власт. Документите зборуваат. Пропагандата не може да ги избрише“, велат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…

Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…

Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…

Само неколку дена траеше договорот за откупната…

Сите државни ресурси ангажирани на терен за…

Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…

(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…

По серијата пожари, Франција се соочи со…