ДУИ се правда: Али Ахмети не краде струја

t

„Во врска со неоснованите и тенденциозни наводи за неправилности во користењето на електричната енергија во домот на претседателот Али Ахмети, на 27 септември 2021 година од ЕВН официјално соопштија дека инспекцијата не констатирала ниту една неправилност“, реагира ДУИ на вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое беше спомнат „продолжниот кабел“, кој се гледа на фотографијата, а за кој беше речено дека е див приклучок во струјното броило. ДУИ порачува дека ВМРО-ДПМНЕ ја сокрива својата неспособност потврдена преку „пуч-коалицијата 61″, а од ВМРО-ДПМНЕ повторно реплицираат.

ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува кампањата на неоснована медиумска пропаганда со лажни вести кои имаат за цел институционална дефакторизација на Албанците во земјава, непочитување на вредностите на еднаквоста и дефокусирање на јавноста од приоритетите на развојот и евроинтеграциите, велат од ДУИ како реакција на соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и се нагласува дека сите наводи на тој „опозициски субјект“ се со факти демантирани.

Во однос на тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека во домот на Ахмети има „машината за броење пари”, од ДУИ велат дека јавноста беше информирана дека таа фотографија е направена во една канцеларија на едно претпријатие во Република Косово, што е потврдено и од челниците на таа компанија.

„Јавноста смета дека е иронично ВМРО да зборува за корумпираност на другите кога фактите говорат сами за себе, а граѓаните се веќе целосно свесни. Сите неосновани обвинувања, но и последователните напади врз ДУИ не покажуваат ништо друго освен неспособност на ВМРО да ја промени реалноста и чекорењето на државата кон подобар развој. ДУИ е со целосен легитимитет од народот уште од нејзиното основање, а целта на партијата е да се обезбеди проевропска иднина за земјата со европски демократски вредности и подеднакви можности за сите“, наведува ДУИ.

Според соопштението на ДУИ, сосема е јасно дека ВМРО не сака силна албанска партија која ја факторизира државата, туку сака свои соработници и аргати, а заедно со Левица низ антиалбанските ставови, е против Охридскиот и Преспанскиот договор, како и против Договорот за добрососедство, што јасно се докажа преку неуспешната „пуч-коалиција 61“.

Од ВМРО-ДПМНЕ повторно со реплика, преку изјава на портпаролот Димче Арсовски:

„Лошата вест за граѓаните и за Македонија е што нема да запре уништувањето на Република Македонија, туку ДУИ заедно со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата и тоа ќе трае додека не бидат сменети од власт. Она што е многу важно е ДУИ да не ја монополизира улогата кај Албанците, бидејќи ако за ДУИ некогаш беа важни Албанците немаше да бидат најголемите крадци и нив да ги крадат преку тендери. Критиките кон ДУИ како политичка партија и коалиција односно дел од власта не се критика кон Албанците, туку критика кон криминалците кои што ги злоупотребуваат сите граѓани вклучително Албанците за да можат да продолжат да крадат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Советниците на ДПМНЕ во Карпош блокираат…

Најавата за блокада на буџетот на Општина…

Владата им ги реализира проектите на градоначалниците…

Дали СДСМ почна да им реализира проекти…

ДПМНЕ почна да соработува со Сорос

Фондацијата на Џорџ Сорос, "Отворено општество", донира…

Не е противуставно да бидам премиер, вели…

Претседателот на собранието Талат Џафери вели дека…

Кочо Анѓушев ја заокружи милијардата која Мицкоски…

Зборовите "јадете колачиња" во "Ако немате леб,…