Митески да одговори каде се ветените нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром?

t

Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром ветуваше нови 100.000 метри квадратни паркови и зеленило.

Нашите сограѓани се сведоци, ниту еден нов парк во Аеродром не е подигнат за 4 години, реагираат од СДСМ на прес-конференција.

– Наместо тоа, неискосени и пожолтени тревници полни со ѓубре и искршена урбана опрема, се последиците од управувањето на Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ со Општина Аеродром.

Паркот „Радост“ на 5.000 метри квадратни во Реонски центар кои требаше да биде готов во првата година од мандатот, уште не е готов.

Градежни маркици наводно се бришеа, а Мицкоски се појави уште во 2022 година на почетокот на активностите за уредување на овој парк.

Нов парк на 5.000 метри квадратни ветија дека ќе подигнат и кај касарната „Гоце Делчев“. За ова немаат ниту проект.

Уште еден нов содржински парк на 5.000 метри квадратни требаше да биде подигнат во срцето на Ново Лисиче, со нови реквизити и содржини за сите возрасти на деца.

Нема ништо од тоа. Само неискосена и пожолтена трева го дели Реонски центар од Ново Лисиче.

Ветија паметен систем за наводнување на тревниците меѓу зградите, а не можат да ги поправат ни постоечките системи за наводнување.

Паркот Авионче требаше да прерасне во мал луна парк, а паркираните возила на патеките и во тревниците требаше да биде минато.

Нови паркови за миленици ветија во секој нов и во секој постоечки парк. Ниту еден не е направен во последните 4 години.

Дејан Митески и Тимчо Муцунски беа неспособни да ги одржуваат ни парковите подигнати од нивните претходници, а не да подигнат нови.

Аеродром важеше најзелената општина во Скопје до пред само 4 години.

Денес Аеродром е општина со најзапуштени паркови полни со отпадоци и паднати суви гранки на секој чекор.

Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат во Аеродром?

Имаат ли господата од ДПМНЕ трошка срам?

Времето на Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истече! – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…

Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…

Жерновски бара Обвинителството да отвори истрага за…

Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит…