Објавено на:

Дури 67 отсто од Германците очекуваат канцеларот Мерц да поднесе оставка

t

Расположението на граѓаните во Германија е на рекордно ниско ниво, покажува најновата анкета. Дури 84 проценти од испитаниците се многу загрижени за состојбата во земјата, а 64 проценти сметаат дека ниту една влада не може да ги реши актуелните проблеми.

Истражувањето покажува и дека 67 проценти од граѓаните очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да поднесе оставка доколку пропаднат реформите што ги спроведува неговата влада.

Сомнежи за успехот на реформите изразуваат и водечките германски економисти, кои предупредуваат дека внатрешните блокади во коалицијата го кочат процесот. Особено критики има за реформите во пензискиот систем и законот за греење.

Дополнително, Бундесратот ја блокираше и мерката за помош од 1.000 евра за вработените, оценувајќи дека таа би го оптоварила веќе ослабеното германско стопанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дури 67 отсто од Германците очекуваат канцеларот…

Расположението на граѓаните во Германија е на…

Дејли Меил: Стармер донел одлука да си…

Британскиот премиер Кир Стармер ќе ја напушти…

(Фото) Се урна авион врз станбена област…

Две лица загинаа кога мал авион денеска…

Трамп изјави дека „можеби“ ќе премести американски…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби“…

Германските аеродроми предупредуваат: Поради цената на керозинот…

Доколку цените на керозинот останат високи, германските…