Дејли Меил: Стармер донел одлука да си поднесе оставка од премиерската функција
Британскиот премиер Кир Стармер ќе ја напушти премиерската функција, но под негови услови, објавува британскиот Дејли Меил, повикувајќи се на неименувани извори во британската влада.
„Кир Стармер им кажал на своите блиски пријатели дека има намера да ја напушти функцијата премиер на Велика Британија“, се наведува во статијата на Дејли Меил.
Според неименуван извор за британскиот дневен весник, премиерот ја разбира политичката ситуација во земјата и сака достоинствено да ја напушти својата функција, но сè уште не е јасно кога точно ќе биде објавена оваа одлука.
Во мај, речиси стотина пратеници го повикаа премиерот Стармер да поднесе оставка по неуспехот на лабуристите на локалните избори.
Неколку владини претставници, вклучувајќи го и министерот за здравство Вес Стритин, кој се смета за клучен ривал на Стармер, поднесоа оставки во знак на протест.
Како што претходно објави Телеграф, градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, кој се смета и за противник на актуелниот лидер на лабуристите, има намера да се кандидира за парламентот, што би му овозможило да се бори за премиерската функција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Покажа професионалност и посветеност“: ВЛЕН му се…
По повод оставката на Арбен Фетаи од…
Дури 67 отсто од Германците очекуваат канцеларот…
Расположението на граѓаните во Германија е на…
Премиерот на Индија Моди ја започна европската…
Индискиот премиер Нарендра Моди го започна европскиот…
Дејли Меил: Стармер донел одлука да си…
Британскиот премиер Кир Стармер ќе ја напушти…
Маѓар и официјално е премиер на Унгарија:…
Проевропскиот конзервативец Петер Маѓар, кој се појави…