Д-р Пановски: Брзото ширење на Омикрон ќе доведе до kрај на пaндeмијата за шест месеци, но прашање е каков ќе биде тој kрај?
По детектирањето на првиот случај на сојот Омикрон во Македонија, лекарите апелираат на претпазливост. Иако првичните укажувања се дека Омикрон варијантата на коронавирусот е послаба од претходната Делта, епидемиолозите сепак предупредуваат дека тој се шири многу побрзо. Во пресрет на новогодишните празници, тие повикуваат да се избегнуваат групирања и алармираат дека е неопходно да се воведат одредени ограничувања за влез во земјата, со цел да се забави ширењето на вирусот.
„Брзото ширење на Омикрон варијантата ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци. Прашање е каков ќе биде тој крај? Тоа зависи од тоа колку оваа варијанта ќе биде вирулентна“, вели микробиологот д-р Никола Пановски за ДВ.
Според него, се знае дека овој сој не дава потешка форма на болеста, но прашање е дали и колку предизвикува полесна форма на болеста и намалена смртност.
„Ако се повтори нешто слично како во ЈАР, тогаш ќе имаме крај на пандемијата со многу случаи, но со малку починати. Се разбира ова зависи и од процентот на вакцинација, почитување на мерките, оптoвареноста на болниците и.т.н. По шест месеци ќе имаме сезонска форма на болеста, најчесто со клиничка слика на настинка“, укажува Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…
Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…
Во текот на месец јули, пријавени се…