Д-р Пановски: Кога ќе затопли, контролирано треба сите деца да се заразат

t

Детската амбасада Меѓаши, микробиологот д-р Никола Пановски и доктор Злате Мехмедовиќ бараат да се преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Тие на дебата организирана од детската амбасада дискутирале за одлуката на Владата за претстојниот почеток на второто полугодие.

Експертите се против владината одлука второто полугодие да почне на 1 февруари со физичко присуство. Според експертите и понатаму децата треба носат маски во училниците. Тие додаваат дека сите светски истражувања покажувале дека маската не влијае врз здравјето на децата.

Веројатно најдобро ќе беше да се почне со онлајн од 1-ви февруари во наредните две недели, а понатаму да се дискутира откако ќе видиме како ќе се одвива епидемиолошката состојба, смета д-р Мехмедовиќ.

Микробиологот Пановски, пак, смета дека е добро одложувањето на второто полугодие и дека добро е на почетокот и помалите ученици да носат маски кои се подисциплинирани, меѓутоа кога ќе затопли, контролирано треба сите да се заразат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…