Д-р Филипче од Неготино: Плати до 180.000 денари за докторите специјалисти, до 90.000 за медицинските сестри

t

Како доктор, постојано се ангажирам за подобрување на професионалните услови за здравствените работници. Во изминатиот мандат значлително ги покачивме платите на сите категории зрасвтвени рботници, но тоа не е доволно. Во следниот мандат потребно уште поголемо зголемување.  

Ова го истакна носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, д-р Венко Филипче кој заедно со Соња Мираковска од НСДП, исто така дел од листата, остварија средба со доктори во Неготино.

„За да ги задржиме лекарите и здравствените работници тука, мора да добијат конкурентни услови за работа и плати како во европските земји. Треба да им понудиме соодветна поддршка и усовршување, повисоки плати и почитувана позиција во општеството. Не смееме да губиме здравствени работници”, порача Филипче. 

Филипче потсети дека во изминатите седум години многу е направено за подобрување на условите во здравството, а исто така истакна дека СДСМ постигна историски најголемо зголемување на платите на лекарите.

„СДСМ е првата политичка партија во Владата која повеќекратно ги зголеми платите во здравствената дејност, конкретно на здравствените работници, медицинските соработници и на техничкиот персонал. Планираме уште едно драстично зголемување на платите. Докторите специјалисти да имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари”, рече Филипче.

Пристапот до квалитетна здравствена заштита го диктира основниот квалитет на живот. Затоа ќе ставиме голем фокус на ова прашање и ќе продолжиме да се залагаме за уште подобро  здравствено осигурување.

„Тоа значи инвестирање не само во постоечкиот здравствен персонал, туку и создавање на нов квалитетен и високообразован кадар. Во таа насока, планираме зголемување на квотата за студенти на јавните високообразовни установи за медицина, стоматологија и фармација, како и укинување на партиципацијата за студирање. Преку овие мерки, целта е да ги стимулираме младите да се посветат на своето образование и кариера, и да ја изградат својата иднина во дома, обезбедувајќи им конкурентни услови што се слични на оние во европските земји”, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…

Обвинителството ја проверува и отфрлената претставка за…

Меѓу списите кои ги проверува обвинителството во…

Лекар специјалист во Србија зема 1.100 евра…

Претседателката на Сојузот на лекари и фармацевти…