Евакуирана руската амбасада во Киев – Пред војна, секој ги повлекува своите

t

Русија евакуирала 18 лица, главно жени и деца, од својата амбасада во Киев уште на 5 јануари, а дополнителни 30 лица заминале две недели подоцна од двата други конзулати во Одеса и Харков, тврди ЊујоркТајмс, повикувајќи се на извори од Украина. Додека ова наликува на првото нешто кое една земја би го направила пред да влезе во војна, руското МНР ги негира информациите велејќи дека „руската амбасада во Киев работи нормално“, пишува РусијаДенес.

Овие обвинувања доаѓаат во време кога западните земји ја обвинуваат Москва за трупање трупи на границата со Украина, наводно со намера да ја нападне земјата во наредните недели и месеци – намера која Кремљ постојано ја отфрла во јавноста.

Минатата недела, Си-Ен-Ен тврдеше дека „група оперативци“ обучени за урбана војна и употреба на експлозиви биле испратени да „извршат акти на саботажа против сопствените сили на Русија“ за да создадат изговор за воена интервенција во Украина. Со други зборови, Русија може самата да се нападне себеси, за да има оправдување за идната окупација.

– Русија ги поставува основите за да има можност да создаде изговор за окупација, вклучително и преку диверзантски активности и информативни операции, обвинувајќи ја Украина дека подготвува неизбежен напад против руските сили во источна Украина – неодамна изјави Џејк Салива, американскиот советник за национална безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ одлучи да започне пристапни преговори со…

27-те лидери на Европската унија во четвртокот…

ОН: Газа повеќе не е погодна за…

Луѓето во палестинската енклава се „очајни, гладни…

Путин го откри бројот на војници кои…

Русија распоредила повеќе од половина милион војници,…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Пратеник од руската Дума зборува за голема…

Областите каде силите на Москва ќе ја…