Објавено на:

Еве какво време не очеува за време на викендот

t

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе биде поврзана со висинскиот циклонски систем од запад, за време на овој викенд во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално повторно ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика нови поројни поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град. Токму поради ова препорачуваме крајна претпазливост.

И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без промени, освен во недела кога ќе биде малку посвежо со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…