Еве колкава глоба ќе платите доколку работите денеска

t

Државните инспектори за труд денеска се на терен каде проверуваат дали трговците го применуваат законот, односно измените на Законот за работни односи, кои ја дефинираат недела како неработен ден за 92 проценти од работниците.

Директорката на пазарен инспекторат, Анета Симеска во изјава за ТВ21 посочува дека за сите оние кои нема да го почитуваат законот и ќе работат денеска ќе следуваат мерки во зависност од состојбата на терен.


„Согласно законот за трговија во моментот не се предвидени, по основ на овој тип прекршувања, опомени или други мерки. Секако инспекторите ќе имаат во предвид, ние пред се работиме едукативно, зависно од ситуацијата, меѓутоа за сите оние каде ќе се утврдат прекршоци ќе следуваат и прекршочни санкции, односно глоби“, вели Симеска.

Таа вели дека глобата изнесува од 800 до 10.000 евра за правните лица, додека пак одговорното лице ќе плати од 50 до 500 евра глоба.

Симоска потсетува дека трговец поединец има право да работи денеска, односно во недела само доколку работи сопственикот или доколку работното време му е во терминот што го пријавил до Централниот регистер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве колкава глоба ќе платите доколку работите…

Државните инспектори за труд денеска се на…