Еве кому му пречи Делчев: Ковачевски ја одби делкарацијата на ВМРО

t

Единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации. Со тоа само се попречува процесот на разговори што се водат со Софија во духот на европските вредности, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање како го коментира повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за национално обединување, кога се во прашање интересите на државата.

– Таа изјава сметам дека воопшто не е искрена, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период единствено нешто што прави е креирање хистерија во однос на разговорите што се водат со Бугарија, исто така во рамки на подготовките за работните групи што ги формиравме со бугарскиот премиер и членовите на нивната Влада заедно со нашата Влада ние упативме покана и до опозицијата, при што таа беше одбиена, оцени Ковачевски.


Во однос на единството, додаде Ковачевски, единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, што претставува дом на сите граѓани, што се застапени од пратениците, и доколку ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со еднострани декларации со што единствено се попречува процесот на разговори, што се водат во духот на европски вредности, и на задржување на достоинството на сите граѓани, дека ќе помогне, тие го прават токму спротивното.

За тоа кога ќе се сретне со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, како што најави при преземањето на премиерската функција, Ковачевски вели дека таа средба ќе се случи и јавноста ќе биде навремено информирана.

лидерот на опозицијата Мицкоски вчера на партиски настан, истакна дека суштински е важно, кога во прашање е државава, да има единство, повикувајќи го претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на „единство и обединување кога станува збор за земјава“.

– Суштински важно е кога во прашање е Македонија, да има единство. Впрочем ударите се кон нашиот дом кој е се за едно семејство. Свесен сум дека во ситуација кога нашиот дом е во прашање, единството е поважно од секоја една наша внатрешна разлика која ја имаме во овој заеднички дом. Свесен сум, но и загрижен за тоа дали и премиерот на Македонија е свесен за истото. И затоа сакам да му порачам дека ВМРО, и историски, и суштински. И денес политички е вграден како еден од најважните стожери и столбови на нашиот дом- Македонија. И кога ќе се најде оваа влада пред ударите кон нашиот дом, ВМРО-ДПМНЕ нуди единство, договор за она што е наш заеднички супстрат и поддршка за заштита на националните, стратешки и државни интереси на нашата Македонија, кажа Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ова се сите осомничени за случајот…

Управата за финансиска полиција денеска поднесе седум…

Не можете да кажете дека сте биле…

Не можете да кажете дека сте биле…

Абазовиќ ќе ја посети Македонија: Црногорскиот премиер…

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска…

(Видео) Хорор: Украинските бегалци во Бугарија се…

Украинските бегалци во Бугарија се исфрлаат од…

Паѓа одбраната на Северодоњецк: Нова група украински…

Четворица војници на вооружените сили на Украина…