Еве што наше даде Бугарија на Грција за останките на Цар Самоил
По 109 години, Бугарија ѝ врати на Грција 53 црковни предмети — договорот го опфаќа и предавањето на посмртните останки на цар Самуил
Грчкото Министерство за култура претстави 53 црковни предмети што Бугарија ѝ ги вратила на Грција по 109 години. Колекцијата содржи икони, процесиски крстови, реликвијари, црковни садови, богослужбени одежди и епископски престол, објави „Грик репортер“.
Предметите потекнуваат од периодот од XVI до XIX век, главно од манастирот „Свети Јован Крстител“, манастирот „Панагија Икосифиниса“ и Митрополијата на Серес и Нигрита, во северна Грција. Еден од предметите потекнува од Науса. Намерата на грчките власти е тие да бидат вратени во црквите и манастирите од кои биле однесени.

Министерката за култура Лина Мендони ја истакна историската, уметничката и верската вредност на колекцијата. Меѓу најзначајните предмети се два пара богослужбени рипиди од позлатено сребро и емајл, изработени во XVI век, како и сребрената облога на иконата на Свети Јован Крстител, украсена со сцени од неговиот живот.
Вратените делови од облогата ќе овозможат иконата во истоимениот манастир да биде обновена во првобитната форма. Во колекцијата има и дрвена врата украсена со седеф и коска, два големи процесиски крста и реликвијар со датумот 25 март 1821 година.
Според историскиот преглед што го претставила Мендони, предметите биле однесени од бугарските окупациски сили во почетокот на XX век. Нивното враќање било предвидено со Нејскиот договор.
Првата поголема пратка била вратена во мај 1923 година и содржела 259 ракописи, 62 предмети и печатени книги. Сепак, дел од културното наследство останал во бугарски збирки, додека други предмети подоцна се појавувале на изложби или на уметничкиот пазар.
Новиот договор предвидува грчките експерти да добијат пристап до каталози, инвентари и самите предмети во Бугарија, за да го утврдат нивното потекло и да поднесат дополнителни барања за враќање. Процесот се очекува да започне кон крајот на октомври или почетокот на ноември.
Мендони се осврнала и на критиките поради предавањето на посмртните останки на цар Самуил на Бугарија во рамките на договорот. Таа ја бранела одлуката, оценувајќи дека договорот носи значителни придобивки за Грција и за Црквата.
Министерката признала дека идентификацијата на преостанатите предмети ќе биде сложена поради нецелосните стари манастирски записи, но најавила продолжување на постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве што наше даде Бугарија на Грција…
По 109 години, Бугарија ѝ врати на…
Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…
Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…
(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…
Ива Михаилова која во Македонија се гони…
Судот не дозволил Михаилова да замине од…
Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…
Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека…
Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските…