ЕВРОПСКО ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ „ЛАВИЦИ“: Ракометарките на Ѓорче Петров изборија 1/4 финале во Европскиот куп
Имено, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров денес на реванш дуелот од 1/8 финалето се поразени минимално од чешка Хазена Книжварт со 33-34, но со оглед на поголемата гол разлика од победата во Скопје со резултат 32-29, „Лавиците“ од Ѓорче се пласираа во 1/4 финале од Европскиот куп.
Самото Четвртфинале е големо достигнување за ѓорчепетровки, и воопшто за македонскиот женски ракомет, по речиси доста изминати години.
Денес во таборот на ЖРК Ѓорче Петров, Дамјаноска и Николовска беа најефикасни со по шест гола, а Јанкуловска и Коларовска дадоа по пет гола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…
Зошто странски фирми заминуваат од Србија: Во…
Странските компании како „Дрексел мајер“ и „Астер…