Евростат: 16,3 отсто од полнолетните Европејци се со прекумерна тежина, во Македонија процентот е помал
Во 2025 година, 16,3 отсто од лицата во Европската Унија постари од 18 години биле со прекумерна тежина, односно имале индекс на телесна маса (БМИ) од 30 или повеќе. Дополнителни 35,4 отсто имале индекс на телесна маса меѓу 25 и 30. Генерално, повеќе од половина од населението во ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на Евростат.
Мажите во ЕУ имаат повеќе проблеми со обезноста од жените. Стапката на обезност кај мажите изнесува 17,4 отсто, наспроти 15,3 отсто кај жените. Дополнително, 41,9 отсто од мажите биле со прекумерна тежина, во споредба со 29,3 отсто од жените.
Највисок процент има во Малта, каде што повеќе од една четвртина од населението е со прекумерна тежина. Следуваат Литванија со 24,6 отсто и Финска со 23,2 отсто.
Најниска стапка на луѓе со прекумерна тежина е регистрирана во Италија со 7,0 отсто, потоа во Грција со 12,8 отсто и Романија со 12,9 отсто.
Последните податоци на Евростат за Македонија се од 2022 година и покажуваат дека 15,4 отсто од граѓаните биле со прекумерна тежина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стануваме ли дебела нација? Секој трет ученик…
Дебелината во Македонија веќе не е тема…
Зошто луѓето се дебелеат откако ќе ги…
Сигурно сте забележале од лично или од…