ЕВТИН, А МНОГУ ВКУСЕН РУЧЕК БЕЗ МЕСО: Ако имате 3 компири и 3 јајца, направете го ова вкусно и лесно јадење

t

Ако се двоумевте што да зготвите за денешниот ручек, еве една одлична идеја за вас! Со само неколку едноставни намирници може да приготвите многу вкусно јадење за само неколку минути. Целото семејство ќе биде воодушевено, и верувајте, наскоро повторно ќе го правите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи компири, 1 китка магдонос, 3 јајца, 5 г црвена зачинска пиперка (1 лажичка), 5 г црн мелен пипер (1 лажичка или по вкус), 5 г сол (1 лажичка или по вкус), 100 г тенки листови чедар кашкавал (или рендан), малку маслиново масло


ПОСТАПКА: Компирите измијте ги под млаз ладна вода, излупете ги, а потоа повторно измијте ги. Изрендајте ги на крупно ренде или уште подобро доколку имате „сечко“ со чоја помош ќе ги исечете на тенки долгнавести лентички.

Ренданите компири ставете ги во подлабок сад и прелијте ги со ладна вода за да се исперат од скробот. Промешајте ги и оставете ги 3 минути да отстојат во водата, а за тоа време таа малку ќе потемни и ќе се замати.

За тоа време измијте го магдоносот, отсттранете му ги дршките, а ситно исечкајте го само листот. По желба може да додадете и неколку перца од млад кромид или власец. Во сечканиот магдонос додајте три јајца.

Промешајте со жица маталка додека добро да се изматат јајцата. Додајте ги зачините како црвена зачинска мелена пиперка и мелен црн пипер, а доколку сакате можете да додадете и некој зачин по ваш вкус.

Ренданите компири процедете ги од водата па додајте ги во изматените јајца со магдонос, посолете со една лажичка сол и добро промешајте за да се распоредат еднакво сите состојки. Смесата е спремна за печење.

На умерен оган загрејте нелеплива тава со малку масло или путер, па половина од смесата рамномерно распоредете ја на дното, како тенка кора. Одозгора наредете го кашкавалот, па распоредете го остатокот од смесата.

Поклопете со капак и гответе неколку минути додека забележите дека долната страна започнала да заруменува. Потоа превртете ја врз друга голема чинија, намастете ја тавата и вратете ја „питата“ да се допече и на другата страна.

Повторно поклопете со капакот и печете додека да добие златнокафеава боја. Истата постапка можете да ја примените и во загреана рерна. Питата од компир послужете ја како главно јадење или како прилог на главното јадење. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов: Кога државата зема кредити да даде…

Кога државата зема кредити за да ги…

Инфомакс е, и ќе биде редакција на…

Во вечерашното издание на "Teшки муабети" се…

Се спрема нов напад? Русија ги засилува…

Руските граничари на границата со Украина се…

(Фото) Ова се сите осомничени за случајот…

Управата за финансиска полиција денеска поднесе седум…

Не можете да кажете дека сте биле…

Не можете да кажете дека сте биле…