Египќаните не ги признаваат резултатите од пописот

t

Не сме подготвени да ги прифатиме ваквите пописни резултати. Бројни се нерегуларностите во самиот пописен процес и конечниот резултат не кореспондира со реалните бројки, се вели во реакцијата на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција на Египќаните.

„Податоците кои се објавени практично ги побиваат самите пописни резултати на Државната пописна комисија. Во суштина, ова претставува и обид за административна асимилација на Египќаните и нивно исчезнување од мултиетничката карта на современото мултиетничко македонско општество. Аргументите се на наша страна, и токму затоа, поради сите утврдени факти, крајно нелогично и непринципиелно е да се прифатат ваквите поразителни пописни резултати за Египќаните во Македонија. Нашата борба ќе продолжи низ институциите на системот, а со цврст аргументи ќе бидат известени и Еуростат, ОБСЕ и амбасадите на највлијателните држави во Македонија со кои имаме соработка“, изјави лидерот на НГИ Коалицијата на Египќаните, Демир Далип.

Тој додава дека пописни резултати не кореспондираат и не се во согласност со објективната бројчаност на Египќаните, особено во град Охрид каде Египќаните се втора по бројност етничка заедница, а  со податоците од Пописот како Египќани се изјаснети “само“ 2008 Египќани/ки, а само во избирачкиот список има над 1.900 Египќани/ки со право на глас.

-Каде се тука децата, неризидентното население? Како да “испарија“ Египќаните. Со вакви податоци нема иднина за мојот народ-Египќаните, истакна Далип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани…

Според податоците од последниот попис, за десет…

“Македонски” попис и во Хрватска: Им фалат…

Државниот завод за статистика ги објави конечните…

Устав како тоалетна хартија: Египќаните бараат да…

Египќаните од Македонија преку своите здруженија испратија…

Јотова: Нема причина да го тргнеме ветото,…

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа…

Спасовски открива дека МВР спречила хакерски напади…

„Ние сме прогласени од Русија за земја-непријател,…