Едвард Сноуден доби руско државјанство!

Поранешниот припадник на американските специјални служби Едвард Сноуден доби руски пасош и положи заклетва, објави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
Сопругата на Сноуден исто така поднесе барање за руско државјанство, рече тој.
Кучерена додаде дека неодамна се сретнал со Сноуден, и дека со него „се е во ред“.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на 26 септември потпиша указ за доделување руско државјанство на американскиот „свиркач“и поранешен разузнавач Едвард Сноуден.
Во 2020 година, Сноуден поднесе барање за двојно американско-руско државјанство, нагласувајќи дека ќе продолжи да биде Американец кој едвај го чека денот на неговото враќање дома.
Инаку, Стејт департментот неодамна проговори за Сноуден, а портпаролот на американското Министерство за надворешни работи Нед Прајс изјави дека тој треба да се врати во САД и да му се суди како и секој друг американски државјанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Српски навивачи во Мелбурн извикуваат „Србија-Русија“…
Српски навивачи денеска се собраа пред стадионот…
Германската МНР: Ние водиме војна против Русија
Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок изјави…
Русија: Доказ дека Западот планирал војна со…
По денешната одлука на Германија да испрати…
Путин: Руските ПВО системи се едни од…
На средбата со гувернерот на регионот Белгород,…
Норвешки генерал: Во Украина загинаа над 180.000…
Началникот на Генералштабот на норвешките вооружени сили…