Едвард Сноуден доби руско државјанство!
Поранешниот припадник на американските специјални служби Едвард Сноуден доби руски пасош и положи заклетва, објави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
Сопругата на Сноуден исто така поднесе барање за руско државјанство, рече тој.
Кучерена додаде дека неодамна се сретнал со Сноуден, и дека со него „се е во ред“.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на 26 септември потпиша указ за доделување руско државјанство на американскиот „свиркач“и поранешен разузнавач Едвард Сноуден.
Во 2020 година, Сноуден поднесе барање за двојно американско-руско државјанство, нагласувајќи дека ќе продолжи да биде Американец кој едвај го чека денот на неговото враќање дома.
Инаку, Стејт департментот неодамна проговори за Сноуден, а портпаролот на американското Министерство за надворешни работи Нед Прајс изјави дека тој треба да се врати во САД и да му се суди како и секој друг американски државјанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…